Маркотиќ: Новите генерации вакцини би можеле да бидат готови пред есен

Од:

Директорката на Клиниката за инфективни болести во Загреб, Алемка Маркотиќ, истакна дека сепак и понатаму е важно повозрасните луѓе и оние со хронични заболувања да се вакцинираат против ковид.

Таа изјави дека во изработка се некои модифицирани вакцини, објавија хрватските медиуми.

„Овие нови вакцини што се очекуваат, новите генерации, би можеле да бидат готови некаде пред есента“, кажа Маркотиќ.

„Сите се надеваме дека ова респираторно заболување би можело да дојде до тој стадиум, да се однесува целосно сезонски и дека тогаш ќе го имаме ритамот на вакцинација како кај грипот, наесен, пред есен“, рече Маркотиќ.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ