Маратонски состанок на Сириза за текот на преговорите со кредиторите на Грција

Од:

Пратениците на грчката владејачка партија Сириза вчера одржаа маратонски состанок, кој заврши доцна синоќа и со кој претседаваше премиерот Алексис Ципрас.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, средбата главно била фокусирана на напредокот во процесот на преговори меѓу грчката Влада и институциите кои ги претставуваат кредиторите на земјата (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), како и за напредокот во донесувањето закони и работата на Парламентот.

Според информации од партиски извори, пратениците на Сириза разговарале за ставот дека договорот може да се движи напред во две фази: првата фаза би можела наскоро да заврши со спогодба со која ќе се врати ликвидноста на Грција, а втората фаза ќе започне по јуни и ќе заврши до есен со договор за долгот на земјата.

Владата мора, исто така, да бара алтернативен предлог за ДДВ, со оглед на тоа што партнерите на земјата не се согласуваат со двојна стапка на ДДВ, односно 15 проценти за трансакции со кредитна или дебитна картичка, а 18 проценти за трансакции со користење готовина.

Сепак, заклучено е дека Владата останува против масовни отпуштања и поддржува враќање на колективни договори и постепено зголемување на минималната плата. Пратениците на Сириза разговарале и за приватизации во сектори кои се веќе објавени, но не се соопштуваат повеќе детали.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит