Против Нинослав Јовановиќ, познат како Малчанскиот берберин кој беше уапсен вчера е покрената кривична пријава за киднапирање и за силување. Тоа значи дека според српскиот закон, тој сосема извесно е дека ќе добие доживотна казна затвор.
Нинослав Јовановиќ беше уапсен во Малча под сомнение дека ја киднапирал и силувал 12 годишната Моника Каримановиќ.
Потерата по него траеше 17 дена, од 20 декември, која го пресретна 12 годишното девојче кое одеше на училиште и го киднапира.
Јовановић беше пуштен од притвор во март оваа година, откако му беше изречена првостепена пресуда со која Вишиот суд во Белград го осуди на пет месеци затвор за сексуално вознемирување на малолетничка преку Фејсбук.
Претходно бил два пати осудуван за силување на 10 и 12 и пол години затвор кои ги издржал целосно.
Моника Каримановиќ која беше киднапирана од Малчанскиот берберин се уште се наоѓа на Клиниката во Ниш.