Маларијата се враќа во Грција

Од:

Како да немаше доволно други проблеми – затекната од големата економска криза Грција е под нова закана-враќањето на маларијата, која беше официјално прогласената за уништена во 1974 година. Научниците веќе го вклучија алармот и ја повикаа во петокот владата во Атина итно да одобри средства за уништување на комарците како пренесители на ова заболување, но и средства за следењето на заразените луѓе. Избувнувањето на маларијата во јужните грчки региони Таконија и Источна Атика е алармантна, пренесува ДПА.

Грчкиот здравствен систем страда поради должничката криза и има драстични намалувања на трошоците. Експертите стравуваат дека сиромашните, бездомниците и невработените луѓе не ја добиваат потребната здравствена заштита.

Од маларија, која предизвикува висока температура и треска, умираат секоја година милиони луѓе ширум светот. Во Европа може да ја пренесат патниците од Африка и Азија. Но сега, според грчките власти,станува збор за развивање на нови видови комарци. Така 22-ца од регистрираните 75 нови случаи на маларија во Грција оваа година, која инаку годишно ја посетуваат 16 милиони туристи, се припишуваат на локалните комарци.

Организацијата „Лекари без граници“ повика на борба против болеста. Се разбира, мора да се следи ситуацијата и да се инвестира во контролирање на популацијата на комарци, вели Апосотолос Веизис од медицинска асоцијација според кого е срамно земјата да нема програма за борба против болеста.

„Дури и во најсиромашните африкански земји има национален план. Тоа е најмалку што може да се очекува од земја-членка на ЕУ“, вели Веизис.

Грчката секција на „Лекари без граници“ во меѓувреме ги префрли своите активности од Субсахарска Африка во јужниот дел на својата земја.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски