Македонскиот Црвен крст во постојан контакт со бугарскиот поради поплавите

Од:

Црвениот крст на Република Македонија од минатиот петок е во постојан конктакт со Црвениот крст на Република Бугарија поради состојбата со поплавените подрачја во Варна. Делегација на Црвениот крст на Македонија денеска заминаа во посета на бугарскиот Црвен крст.

– Согласно проценките на Националното друштво на Црвен крст Бугарија, во овој период немаат потреба од помош од надвор, но согласно нивните проценки и потреби во наредните денови, остануваме подготвени да дејствуваме и да ги мобилизираме нашите човечки и материјално технички ресурси доколку е потребно, соопшти денеска Црвениот крст на Република Македонија.

Делегација на Црвениот крст на Македонија денеска заминаа во посета на бугарскиот Црвен крст и ќе воспостават контакт со надлежните служби кои постојано ја мониторираат состојбата на терен.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?