Македонија сепак тема на средбата меѓу Радев и европските челници

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев во Брисел се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и португалскиот премиер Антонио Коста, а една од темите била и интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Радев на средбата рекол дека напредокот во европската интеграција мора да се заснова на почитување на човековите права и на целосна усогласеност со критериумите за членство.

Разговорите се фокусирале на можностите за постигнување напредок во усвојувањето на преговарачката рамка и започнувањето на преговорите за членство во Европската унија.

„Потребни ни се и позитивни примери во билатералните односи помеѓу Бугарија и Северна Македонија, и директен и отворен билатерален дијалог за решавање на проблемите“, нагласи Радев.

Тој го оцени како „добар знак“ претстојното заедничко одбележување на светите браќа Кирил и Методиј од страна на делегациите на Бугарија и Северна Македонија во Рим и повика на политичка волја од Северна Македонија за да се постигнат конкретни резултати за проблематичните прашања.

Би можело да ве интересира

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот

Радев: Ако оваа недела е потребна за разговори, на почетокот на следната не можам да дадам мандат, ќе одиме по Нова година

А1он

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец