Македонија останува на портокаловата листа за патување на Кипар

Од:

Во новата листа со категоризација на земјите за кои е дозволен влез на Кипар, објавена од Министерството за здравство, Северна Македонија и понатаму е во портокаловата зона, односно за патување на островот, задолжителен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред заминувањето.

Државите членки на ЕУ, како и третите земји, во зависност од епидемиолошката слика поделени се во три категории: зелена, портокалова и црвена, за секоја од нив важат посебни правила, а оние кои не се во некоја од овие зони се во сивата категорија.

Нашата земја, од минатата седмица, од црвената категорија веќе е преместена во втората, портокалова зона.

Во првата (зелена) категорија земји со ниска опасност се 30 држави и за нив не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту карантин по пристигнувањето.

За земјите од втората (портокаловата) категорија задолжителна е потврда за негативен молекуларен тест направен 72 часа пред патувањето и заедно со Северна Македонија, се и Ирска, Холандија, Грција, Луксембург, Белгија, Андора, Азербејџан, САД, Јапонија, Канада, Катар, Кина, Либан, Јужна Кореа, Саудиска Арабија и Србија.

Во третата категорија земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории“, вклучени се 20 држави, задолжителен е негативен тест ПЦР тест 72 часа пред поаѓањето и уште еден по пристигнувањето на Кипар.

Конкретната категоризација на земјите стапува утре во сила.

Во однос на вакцинираните туристи, од Министерството за здравство на Кипар посочуваат дека од 10 мај, ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се оние кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од земјите- членки на ЕУ, од Европската економска зона, како и од Швајцарија, Израел, Русија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада, Кувајт и Кина.

За вакцинираните, исто така, потребно е да се поминати 14 дена од ревакцинацијата со една од вакцините одобрени од Европската организација на лекови (Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон) или со Спутник В, Синофарм или Синовак.

Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на https://cyprusflightpass.gov.cy/.

Би можело да ве интересира

Кипар ја намалува на три месеци валидноста на потврдата за прележан Ковид-19

За да ја поттикне вакцинацијата, Кипар ги укина бесплатните брзи тестови

Бонус за летен одмор за вакцинираните на Кипар

Министрите од кипарската влада се вакцинираат со „Астра зенека“

Кипар ќе почне со постепено намалување на рестриктивните мерки

Се вакцинираше претседателот на Кипар