Министрите од кипарската влада се вакцинираат со „Астра зенека“

Од:

За да испратат порака дека ѝ веруваат на вакцината во однос на безбедноста и ефикасноста, министрите од кипарската Влада денеска се вакцинираат со „Астра зенека“, соопшти владиниот портпарол Кирјакос Кусиос.

Одлуката била донесена на вчерашната седница на Владата, а ќе се имунизираат министрите кои досега не се вакцинирани.

Во однос на вакцината „Џонсон и Џонсон“, на Кипар вчера пристигнаа 2.400 вакцини, меѓутоа нема да се користат сѐ додека не заврши истрагата во САД за можната поврзаност со случаи на тромбоза.

Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека по превентивната препорака од самата компанија до земјите членки на ЕУ, конкретните вакцини, засега, нема да бидат вклучени во националниот план за имунизација.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија не украла формула на вакцината на Астра Зенека за да ја произведе Спутник В

Ана Ололовска

АстраЗенека побара одобрение од ФДА за третман со антитела против Ковид-19

А1он

Студија: Комбинација од вакцини на Астра Зенека и Спутник лајт дава висока ефикасност

Ана Ололовска

Фаучи: САД се уште немаат одлука за влез на патници вакцинирани со АстраЗенека

Ана Ололовска

На Тајланд направен робот што од шише на Астра Зенека може да извлече 12 дози вакцини

Ана Ололовска

За да ја поттикне вакцинацијата, Кипар ги укина бесплатните брзи тестови