Мајката и сестрата на убиецот од Врачар сакаа да избегаат од Србија: Фатени се на преминот „Прохор Пчињски“

Од:

Миљана К. мајка на убиецот од „Владислав Рибникар“ заедно со нејзината малолетна ќерка се обидоа да ја напуштат Србија. Тие се запрени на граничниот премин „Прохор Пчињски“ на пат кон Македонија.

Засега не се знае дали Македонија или Грција им била крајната дестинација.

На крајот на минатиот месец беше покрената истрага против Миљана К., мајката на малолетното момче убиец кој уби деветмина негови врсници и чуварот на училиштето „Владимир Рибникар“, поради сомнение дека таа го занемарил и малтретирал момчето убиец пред делото. Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, и се заканува затворска казна до три години.

На 23 мај првото основно јавно обвинителство во Белград соопшти дека на полицијата и било наредено да собере податоци за мајката на момчето убиец.

Исто така, на Градскиот центар за социјална работа потоа му било наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето убиец и за ова да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали наведеното семејство претходно било во евиденција на тоа тело.

Доколку се докаже дека мајката ги занемарила своите обврски како родител, ќе се соочи со затворска казна до 3 години.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски