Мајка од Србија на ќерката и давала опасни дози седативи

Од:

Суд во Белград и одреди 30-дневен притвор на 43-годишна жена поради сомнение дека на својата малолетна ќерка и давала разни видови седативи кои ги растварала во сок додека била во болнице, пишува Еуроњуз.

Осомничената сторила кривично дело семејно насилство, соопшти белградското обвинителство.

Според извештаите, осомничената и дала седативи на нејзината малолетна ќерка, која била на болничко лекување во Заводот за здравствена заштита на мајки и деца, во периодот од 29 февруари до 8 март, без знаење и согласност на лекарот.

Поради ова, крвта на жртвата содржела потенцијално смртоносна доза на седативи, која била утврдена со токсиколошка анализа на крвта.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он