Мајданпек окован во мраз

Од:

Претседателот  на српската општина Мајданпек, Дејан Вагнер денеска најави можна евакуација на жители од градот доколку не биде саниран дефектот во системот за доставување електрична енергија.

Мајданпек веќе трет ден е без струја, вода и греење. Помош во храна и вода веќе пристигна, а општинскиот кризен штаб треба да одлучи за евентуално воведување вонредна состојба.

Училиштата и градинките не работат, а фиксна телефонија речиси и да нема. Електричната мрежа е вон употреба поради силното невреме, проследено со снег, што го зафати тој град. Во породилиштето во Мајданпек е монтиран агрегат, кој засега функционира.

Српската државна телевизија објави дека вработени во Електродистрибуција на Србија постојано се на терен во обид да обезбедат снабдување со струја во градот, но ветерот и мразот им ја отежнуваат работата.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ