Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Од:

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска ги презеде должностите на актуелниот премиер Милош Вучевиќ. Мацут ја презеде премиерската должност нешто пред 10 часот во Владата на Србија, каде претходно се сретна со Вучевиќ. Српската Влада денеска во 13 часот ќе ја одржи првата седница во новиот мандат, соопшти претходно Владата.

Српскиот парламент вчера ја избра новата влада која ќе брои 31 пратеник. Премиерот Ѓуро Мацут и министрите во неговиот кабинет потоа положија заклетва пред пратениците во Народното собрание, во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ, со што официјално започна мандатот на новата влада.

Мацут во вторникот во српското Собрание ја претстави програмата и составот на својот кабинет, а во споредба со владата предводена од Вучевиќ ќе има третина од новите министри. Поранешниот премиер на Србија, Вучевиќ, на својот Инстаграм профил им го честита преземањето на функцијата на новата српска Влада и премиерот Мацут и порача дека во време на големи предизвици и тешки задачи, важно е да направат се за да се зачува националното единство, да се смират тензиите во општеството и секогаш и секаде да ги застапуваат и штитат државните и националните интереси.

Вучевиќ изрази уверување дека српската Влада на чело со Мацут со својата посветена работа ќе го продолжи силниот развој на Србија и дека секојдневно ќе се бори за татковината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ: Можно е наскоро да го ограничиме извозот на храна

Осуетен напад со експлозив што можеше да ги остави Србија и Унгарија без гас

Горан Наумовски

Вучиќ: Граѓаните дека сите можат да бидат мирни, државата си ја врши работата одговорно

Вучиќ: Успеавме да ја одбраниме Србија, од нас зависи дали ќе им подадеме рака на противниците

Горан Наумовски

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски