Лука од Ваљево загина во судир на два камиони, едвај го извлекоа од згмечената кабина

Од:

Српскиот државјанин Лука Ќук (29) загина во сообраќајна несреќа, која се случи на автопатот кон наплатната рампа за Индијана во САД, откако се обидел со својот камион да претекне друг камион.

За жал, во таа прилика удрил во задниот дел од возилото пред себе и се здобил со смртни повреди, пренесува американскиот портал Spreeznews.

Сообраќајната несреќа се случила во раните утрински часови.

Како што пренесуваат медиумите, истрагата утврдила дека камионот кој бил пред Лука, во кој зад воланот бил возачот Д.А.(51) возел по десната лента далеку под дозволената брзина, а Лука налетал на побавно возило, па се обидел да го избегне судирот, но не успеал.

Лука бил заглавен во кабината на својот камион, па спасувачките служби морале да го исечат возилото за да го извлечат.

Кога спасувачките единици дошле да му помогнат и да го извлечат од возилото, веднаш била укажана медицинска помош, но безуспешно.

Вториот учесник во судирот со возило на брза помош бил пренесен во најблиската болница и му биле констатирани полесни повреди, јавува порталот Spreeznews.

Починатиот Србин (29) работел во Америка како камионџија, а од Ваљево во 2013 година заминал да живее во САД.

Би можело да ве интересира

Загина мотоциклист на автопатот Скопје-Велес

Горан Наумовски

Загина 63-годишен прилепчанец при палење стрниште

Горан Наумовски

Се преврте трактор, загина 73-годишен велешанец

Загина 48-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Камионџија од Македонија предизвика голема сообраќајка во Хрватска

Горан Наумовски