Луѓето шокирани од цената на пицата во Сплит: „Попрво за тие пари ќе одам во Неапол“

Од:

Како што летото е се поблиску, во некои градови на Јадранот веќе започна туристичката сезона, а почетокот на туристичката сезона значи и повисоки цени во кафулињата и рестораните.

На поскапувањето се пожали и еден корисник на Редит, кој напиша дека цените во Хрватска се астрономски и објави три фотографии од менито на сплитски ресторан, прашувајќи се: „Дали ќе биде вака во секој ресторан во Сплит?

Она што ги шокираше сите беа цените на пиците во рестораните. Во Сплит ќе платите 13 евра за најобичната пица Маргарита, 15 евра за пица со феферони и 17 евра за капричиоза, како и за вегетаријанска пица.

Доколку сте расположени за нешто поразлично и нарачате пица со ракчиња или пршута, за тоа ќе треба да издвоите дури 19 евра.

„Пица во Неапол чини најмногу 6 евра“, напиша на ова еден корисник на Редит, додека друг додал дека неговиот пријател бил во Рим и дека цените биле пониски отколку во Сплит.

“Во Италија зимава пиците во ски-центарот беа околу 10 евра”, “Има летови за Неапол, 19 евра во двата правци. Попрво би се качил во авион и да одам во Неапол на три дена и да јадам пица со врвен квалитет” , напишаа незадоволните луѓе на Редит.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) По концертот во Сплит, Ален Исламовиќ доби морничави закани: Песните им пречат на хрватските ветерани

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Канадери и 250 пожарникари и утрово го гаснат страотниот пожар кај Сплит, куќите се одбранети

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силно невреме корнеше дрвја и поплави подруми во Сплит

Горан Наумовски

Хакерите што го блокираа аеродромот во Сплите бараат преговори

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

(ВИДЕО) Психијатар од Сплит измачувал 67 кучиња и два волка: Ова е логор