Луѓе облечени во црвено ги плашат загрепчани

Од:

Повеќе жители на Загреб по социјални мрежи пријавуваат група на возрасни луѓе облечени како кловнови со црвени наметки дека влегуваат по зградите и ѕвонат по вратите.

Групата ѕвонела на ѕвончињата од становите, со едната рака ја покривале шпиунката и кажувале дека биле соседи.

Никој точно не знае кои се овие луѓе и што е точно нивната цел, а нагаѓањата одат од луѓе кои порано почнале со славање на карневалите до крадци кои прават список кои луѓе во кое време од денот се дома.

Според некои пак, станува збор за некаква маркетинг кампања, за која што наскоро ќе се дознае повеќе.

Од полицијата се уште нема никакво известување за луѓето во црвено, а се повеќе и повеќе луѓе по социјалните мрежи пријавуваат дека ги виделе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон