Љубљанскиот градоначалник не дава оставка и верува во својата невиност

Од:

Љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ, против кога вчера е покрената кривична истрага поради осомниченост за економски криминал и корупција во изградбата на спортско-трговскиот центар Стожице, изјави дека не се чувствува виновен и дека нема да се повлече од градоначалничката позиција, ниту пак од функцијата претседател на политичката партија Позитивна Словенија(ПС), која освои најмногу гласови на парламентарните избори, но не успеа да состави коалиција.

Јанковиќ во изјавата за медиумите, веднаш по ослободувањето од притовр рече дека има потполна подршка од своите соработници и членови на партија.

„Јас сум потполно мирен, полицијата постапи коректно и јас ќе дозволам да ја доврши својата расбота“ –  изјави Јанковиќ во разговор за емисијата “Odmevi” за Словенската национална телевизија.  Јанковиќ  ги негира сите тврдења дека за време градењето на спортско-трговскиот центар кои се изведува во јавно-приватно партнерство на љубљанската општина и приватни претпријатија, со незаконски трансакции е оштетена градската каса. Јанковиќ го нарече “груб политички приитисок“ вмешувањето на неговите синови Јуре и Дамјан, во опширната полициска истрага, наведувајќи дека тие воопшто не биле поврзани со изградбата на “Стожице“.

На прашањето дали не е соодветно поради истрагата да си даде оставка од позицијата градоначалник на Љубљана, Јанковиќ рече дека нема тоа да го направи и дека има потполна подршка од своите соработници и сопартијци.

“Верувам во правна држава и ќе докажам дека спортската сала во Стожице е изградена правно и е од голема потреба за граѓаните на Љубљана“ – изјави Јанковиќ.

Наспроти овие тврдења на Јанкович, Министерот за внатрешни работи Винко Горенак ги негираше сите тврдења дека истрагата има политичка заднина.   „Дражавата е ограбена, а јас сум функционерот кој е одговорен за тоа да се поркенат и процесуираат овие дела„ – изјави министерот Горенак. Горенак кој е член на Словенската демократска партија (СДС) на чие чело е премиерот Јанез Јанша истворемено ги отфрли наводите дека се работи за обид да се тргне од политичката сцена најсилниот политички конкурент на Јанша од политичката сцена. Тој ги отфрли и сите споредби со случајот со Јанша, кој беше еден од тужените за корупциската афера „Партија“, која сеуште нема свој судски епилог. „Важна разлиак помеѓу овие два случаи е што кај Јанковиќ се работи за сомнение дека примал големи количини на пари, додека кај Јанша тужбата не наведуваше дека примил пари“ – реферираше Министерот.

Словенските медиуми исто така известуваат дека полицијата покрај истрагата за злоупотреба ан власта, корупција и штетата нанесена на љубљанската општина при градење на центарот Стожице, се води и истрага околу компанијата на синовите на градоначалникот на Кипар за можни незаконски трансакции.

Полицијата потврди дека покрај Јанковиќ и неговите два сина и останатите соработници се пуштени да се браната од слобода.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски