Ликвидиран е Фатон Хајризи, убиецот на српскиот полицаец

Од:

Потпреседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, објави дека е ликвидиран Фатон Хајризи, Албанец кој уби полицаец во Србија. Припадници на полицијата го убиле убиецот на полицаец во околината на Лозница“, изјави Дачиќ кој излегол на местото на настанот.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој одбил да се предаде и испукал голем број истрели кон полицајците кои сакале да го уапсат.

Според медиумите, тој пукал во полицајците кои го опколиле, а нив ги спасиле панцирните елеци и кацигите што ги имале.

Хајризи, според информациите, се упатил кон Бања Ковиљача, но не успеал во тоа, па се сокрил во напуштен фабрички комплекс, каде со години се кријат мигранти од Прешево, чекајќи „врска“ за да избегаат преку Дрина.

Ноќта од среда кон четврток, во Лозница беше убиен 34-годишниот полицаец Никола Крсмановиќ, а ранет неговиот колега Вјекослав Илиќ. Нападот се случил при рутинска контрола на таксито во кое се наоѓал Хајризи.

Крсмановиќ и Илиќ околу еден часот по полноќ запреле такси со српски регистарски таблички на контролниот пункт, што им изгледало сомнително. Во возилото имало двајца мажи, возачот и сопатникот.

Полицајците сакале да ги легитимираат лицата, па полицаецот побарал од Хајризи да ја покаже чантата. Тој одбил, а потоа пукал во полицајците.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски