Лидија Вукиќевиќ ја бранува српската јавност: Зошто мене никој не ме силуваше?

Од:

Во Србија не стивнуваат реакциите по скандалот во кој актерката Даниела Штајнфелд го обвини познатиот актер и легендата на српското глумиште, Бранислав Лечиќ, дека ја силувал пред девет години, кога заедно играле во претстава во Белград.

Во врска со темата, последна јавноста ја разбрани колешката на Лечиќ и поранешна пратеничка во српскиот парламент, Лидија Вукиќевиќ, која застана во негова одбрана, прашувајќи зошто тоа не ѝ се случило и нејзе, кога била млада актерка.

„Лечиќ е прекрасен човек и фантастичен актер. Го знам со години, уште од факултетот. Тогаш се дружевме, а тој веќе беше познат глумец. За него имам само најубави зборови. Што се однесува до актуелниот случај, тоа дека Лека ја силувал таа актерка, нема аплауз без другата рака. Јас така гледам на тоа. Она што дополнително ме револтира е површноста на некои колеги кои застануваат во заштита на таа Даниела Штајнфелд,“ изјави Вукиќевиќ.

Таа се осврна на актерите од Белградскиот драмски театар и Мирјана Карановиќ, кои одбија да глумат со Лечиќ во кои било следни претстави.

„Тие носат суд пред судењето. Какви колеги се тие. Какви се тие површни луѓе. Тие се занимаваат со работа која бара да бидат содржајни, а тие се површни, тие судат. Тие не им припаѓаат повеќе на луѓето, отколку на ордата која каменува и анатемисува. Длабоко сум разочарана во тие луѓе, кои не сакаат да играат со Лека. Па, да ви кажам, ни јас немам никаква желба да играм со нив, кога знам какви луѓе се,“ вели Вукиќевиќ, според „Блиц“.

Лечиќ и Штајнфелд во сцена од претставата што ја играле заедно во времето кога наводно се случило силувањето

„Лека не е манијак. Тој е згоден фраер, на кој тоа апсолутно не му е потребно. Јас се прашувам како тоа мене никој не ме силуваше. Еве, триесет и нешто години сум на сцената, не сум грда, ниту ваква или онаква. Јас бев една од најпопуларните актерки на старата Југославија. Не велам дека не ми се наметнуваа мажи на тој начин но никој не ме силуваше, сите беа разумни и го сфатија одбивањето,“ вели актерката.

„Не можам да тврдам, но претпоставувам дека актерката тука нешто се двоумела, не знам што правела. Што значи дека велела ‘не, не’. Пази, молим те. Ако врескала, не е човекот манијак, па да ја напаствува. И тоа го открива по девет години. И баш сега излегува тој некој нејзин филм. Скоро играв со Лека и секогаш ќе играм со него. Го знам одлично. Ја има мојата апсолутна поддршка,“ заклучува Лидија Вукиќевиќ во изјавата, која е дел од малубројните коментари околу случајот кои даваат отворена поддршка за Лечиќ.

Познатиот актер го негира обвинувањето дека ја силувал Штајнфелд, а тврдеше и дека за време на неговото седумчасовно сослушување во полицијата околу обвинувањето, го поминал тестот на детектор за лаги.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски