Лидерот на Златна зора обвинет за припадност на криминална група

Од:

Лидерот на грчката крајнодесничарска партија Златна зора Николаос Михалолиакос ќе одговара пред судот по обвиненијата за припадност на криминална група, соопшти судски извор.

Михалолиакос останува во притвор до почетокот на судскиот процес. Доцна синоќа Николаос Михалолиакос беше изнесен пред истражен судија и обвинител, за да ги слушне обвиненијата за основање и учество во криминална организација. Тој ги отфрли обвиненијата по шестчасовната расправа.

Лидерот на Златна зора беше уапсен во саботата заедно со други членови на партијата, како дел од напорите на Владата да се справи со партијата за која се тврди дека е неонацистичка криминална група.

По завршување на судското рочиште Михалолиакос е пренесен во строго чуван затвор.

Би можело да ве интересира

Идентификувани уште шестмина за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски

Катерина Ѓуровски

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски

Во САД реакции за упадот на изложбата на македонски уметник во Солун

Ана Ололовска

Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски

Ана Ололовска

СИРИЗА Солун го осуди инцидентот на изложбата на Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите

Горан Наумовски

Скерцос: Никаква толеранција за паравоени нацистички групи, за беззакокине и за заплашување на граѓаните