Лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу изјави дека до крајот на оваа година можно е да биде постигнат договор за кипарското прашање.
– Постои можност да биде постигнато решение оваа година, ако кипарската грчка страна не дејствува непромислено, изјави синоќа Ероглу.
По прекин од околу две години, лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци се сретнаа за првпат во почетокот на февруари и објавија заедничка декларација за насоки за решавање на проблемот. Кипар е поделен на два дела од 1974 година.