Лидерот на кипарските Турци го разреши главниот преговарач во разговорите за обединување на островот

Од:

Главниот преговарач на кипарските Турци во разговорите за обединување на островот, Кудрет Јозерсај денеска е разрешен, објавија локалните медиуми.

Одлуката, која е донесена од лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу, доаѓа неколку дена откако Јозерсај најави дека планира да учествува следната година на изборите за претседател на самопрогласената Севернокипарска турска република, која е призната само од Турција.

Јозерсај тогаш изјави дека сака да остане на преговарачката функција до одржувањето на изборите, освен ако Ероглу не одлучи да го смени.

– Ероглу имаше средба со Јозерсај и го информира дека ќе биде подобро доколку се врати на својата професија во Источносредоземноморскиот универзитет, се наведува во соопштението од кабинетот на Ероглу.

Се очекува лидерот на кипарските Турци следната недела да именува нов шеф на преговарачкиот тим.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција