Лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи денеска ја напушти средбата со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис во рамките на преговорите за повторно обединување на островот.
Не е јасно зошто Акинџи ја напуштил средбата и што значи тоа за преговарачкиот процес.
Весникот „Сајпрус маил“ пишува дека на враќањето кон претседателскиот дворец Анастасиадис одбил да даде коментар, но изјавил дека ќе објави писмено соопштение подоцна денеска.
Денешната средба на двајцата лидери се одржа по создадените тензии, откако кипарскиот Парламент минатата седмица гласаше во училиштата на Кипар задолжително да се одбележува годишнината од референдумот во 1950 година во корист на обединување со Грција.
Вчера Анастасиадис го повика генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш да помогне во решавањето на тој спор.
Референдумот од 1950 година, на кој над 95 отсто од кипарските Грци гласале во полза на обединување со Грција, беше проследен со вооружено востание против британската колонијална управа во 1995 година.
Островот доби независност од Велика Британија во 1960 година, но етничките конфликти меѓу грчката у турската заедница продолжија.
Кипар е разделен од 1974 година, кога северниот дел бил окупиран од Турција во одговор на националистичкиот државен преврат, што целел да го присоедини островот кон Грција.