Лидерот на бугарската партија „Преродба“ ги избрка прозападните новинари од прес-конференцијата во Софија

Од:

Лидерот на бугарската екстремна националистичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов, денеска ги избрка новинарите од локалните медиуми со прозападна уредувачка политика. Ова се случи за време на прес-конференција организирана од неговата партија, која на парламентарните избори одржани во неделата заврши како четврта политичка сила во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, откако Костадинов се обиде да избрка новинари, тој и неговите сопартијци ја напуштија прес-конференцијата.

Костадинов најави дека „Преродба“ не испраќа пораки до медиумите што се финансирани од странски фондации.

Тој коментираше дека медиумите, како „Дневник“, „Капитал“, „Медиапул“ и „Клуб З“ се финансирани од САД и, според него, не ги исполнуваат новинарските стандарди.

По скандалот, Асоцијацијата на европските новинари во Бугарија ги повика медиумите во земјава веќе да не известуваат за активностите на партијата „Преродба“, поради нејзиниот дискриминаторски однос кон одредени нивни колеги.

Но, при излегувањето од зградата каде што требаше да се одржи прес-конференцијата, Костадинов рече дека доколку претседателот Румен Радев и го даде третиот мандат на „Преродба“, тие ќе поддржат формирање на бугарска Влада.

Тие се подготвени за состав на таква влада, коментираше Костадинов, нагласувајќи дека подготвиле предлог-закон кој, според него, успешно функционира во САД од 1938 година и предвидува секој медиум финансиран од странски фондации да се легитимира како странски агент.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски