Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ најави повлекување на министрите од владата

Од:

Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска изјави за локални медуми дека ги повлекува министрите од таа партија кои се во владата.

– Ставам крај на оваа коалиција и агонија, изјави Трифонов

– Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата.

– Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме сопромената“ не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи, додаде тој

Според него, тоа е советничка на Петков, Весела Чернева.

– Што се однесува до буџетот – Асен Василев, откако е министер за финансии, милијарди летаат горе-долу во државата, тоа се наши пари, рече Трифонов.

Тој истакна дека не е јасно за што е потрошена најголемата сума во историјата на Бугарија – 9 милијарди лева за девет дена во декември 2021 година.

Владината коалиција има четири партии – Продолжуваме со промените, Бугарската социјалистичка партија, Има таков народ и Демократска Бугарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година