Лидерите на српската владина колиција не постигнаа договор за реконструкција на Владата

Од:

Средбата на лидерите на трите најголеми партии во владејачката коалиција во Србија синоќа заврши без договор околу планираната реконструкција на Владата, изјави за Танјуг  шефот на владината канцеларија за соработка со медиумите Миливоје Михајловиќ, додавајќи дека разговорите ќе продолжат денеска.

– Вечерва нема да има изјави на учесниците на средбата, ниту соопштение. Состанокот беше оддржан зад затворени врати во кабинетот на премиерот Ивица Дачиќ и траеше повеќе од  четири часа, изјави синоќа Михајловиќ.

Во пресрет на синоќешната средба на владиното лидерско трио, во некои белградски медиуми се појави шпекулација дека премиерот и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ ќе бара во рамки на реконструкцијата од функциите да заминат министерот за финансии и економија и лидер на Обединетите региони на Србија (УРС), Млаѓан Динкиќ и првиот човек на Министерството за образобвание и наука, социјалистот Жарко Обрадовиќ.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации