Лидерите на политичките партии во Грција ја завршија кампањата

Од:

Лидерите на политичките партии во Грција денеска ја завршија својата изборна кампања со посета на централните партиски штабови и средби со новинари, јави дописникот на МИА од Атина.

Премиерот и претседател на Нова демократија, Андонис Самарас, денеска ја посети канцеларијата на неговата партија на Синтагма, од која се водеше изборната кампања, и изрази уверување дека изборниот резултат ќе биде во полза на неговата партија, истакнувајќи дека 14 проценти од електоратот, кој во анкетите не откри за кого ќе гласа, на крајот ќе се одлучи за Нова демократија.

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас го почна денот во градот Ханија на Крит, со прошетка на локалниот пазар и во разговор со минувачите, а со него беа и кандидатите на Сириза и локалните партиски функционери. Тој потоа се врати во Атина на неформална средба со грчки и странски новинари во ресторан во Атина.

Шефот на Потами, Ставрос Теодоракис прво ги посети штабовите на партијата во Атина и Пиреја, а попладне ќе замине за Крит каде утре ќе гласа на изборите.

Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос е во својот роден Солун, каде, исто така, во ресторан имаше неформален разговор со кандидатите на ПАСОК, партиски функционери и новинари кои ја следеа неговата кампања.

Генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција (ККЕ) Димитрис Куцумбас ја посети канцеларијата од која се водеше кампањата во атинската област Каисариани, каде што беше примен од страна на локалниот градоначалник, симпатизери на партијата и партиските кандидати.

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос го помина денот на островите Калимнос и Кос, каде што разговараше со локалните жители.

Претседателот на Демократската левица, Фотис Кувелис, исто така, избра да го мине денот со новинари кои ја следеле неговата кампања, на кои тој им беше домаќин во една таверна во Атина.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица