Лидерите на двете кипарски заедници денеска ќе ги обноват преговорите

Од:

Лидерите на двете кипарски заедници денеска ќе ги обноват мировните преговори во потрага по решение за обединување на овој средоземноморски остров.

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и новоизбраниот кипарски турски лидер Мустафа Аканџа на 11 мај се договорија на трилатерална средба со специјалниот пратеник на ОН Еспен Барт Аиде да ги обноват преговорите.

Победата на Аканџа на претседателските избори во април во Севернокипарска турска република, која е призната само од Турција, даде надеж за нов поттик во преговорачкиот процес, што беше замрзнат во октомври минатата година.

Кипар е поделен од 1974 година, кога Турција го окупира северниот дел од островот по државниот преврат, подготвен од кипарските грчки националисти, поддржани од Атина, што имаше за цел земјата да  ја присоедини кон Грција. Во 1983 година  беше прогласенаСевернокипарската турска република, која досега е призната единствено од Анкара.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ