Лажни дојави за бомби на повеќе локации во Белград

Од:

По полициските увиди било утврдено дека денешните дојави за подметнати бомби на повеќе локации во Белград се лажни, велат од МУП за РТС.

Потсетуваме, дојавите за бомби на 12 локации во Белград беа испратени на електронската адреса на телевизијата N1.

Во мејлот испратен од gmail адресата стои дека бомбите биле поставени во Студентскиот дом во булеварот Крал Александар, во Амбасадата на Белорусија во Делиградска 13, во ТЦ Ушче, во ресторанот КФЦ на Студентски плоштад, на аеродромот „Никола Тесла“, во трговскиот центар Делта Сити на улица Јуриј Гагарин, на Филозофскиот факултет, во зградата на Ректоратот, на Универзитетот за уметности, во КБЦ Земун, како и во обложувалниците Меридијанбет.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он