Лажни биле дојавите за бомби во хотелите во Солун

Од:

Најмалку десет хотели во Солун вчера примија мејл од непознат испраќач со предупредување дека се поставени бомби што предизвика низа превентивни евакуации и проверки од полицијата, кои траеја до доцна синоќа, за на крај да се покаже дека станува збор за лажна пријава, но и за еден од ретките, а веројатно и прв ваков случај на толку масовни закани и тоа во хотели.

Извори од полицијата за грчката новинска агенција АНА-МПА рекле дека никогаш досега немало слични и толку масовни закани во хотели, не ја исклучиле можноста мејлот да бил испратен и до други хотели, а едноставно персоналот да не го видел.

Грчката полиција, вчера, според АНА-МПА, првично била известена од три хотели, кои го примиле мејлот со предупредувањето за бомба, а додека траела проверката, следувале пријавите од уште неколку хотели.

Предупредувањата за поставена бомба, во главно преку анонимен телефонски повик се чести во Грција и обично се однесуваат на судови, метро станици, јавни служби, но и училишта и во најголемиот број случаи станува збор за лажна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он