Лајен најави 700 милиони евра помош за Хрватска

Од:

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска соопшти дека Хрватска најверојатно ќе добие 700 милиони евра од проектот „НекстГенерејшнЕУ“ (NextGenerationEU).

– Добри вести за Хрватска. Според нас, Хрватска е подготвена да ја добие првата исплата од „НекстГенерејшнЕУ“. Откако земјите-членки дадат зелено светло, Хрватска ќе добие 700 милиони евра. Хрватска може да смета на поддршката на Европската комисија во спроведувањето на нејзиниот план за закрепнување, напиша Лајен на Твитер.

Таа додаде дека Хрватска презела важни чекори за зајакнување на пазарот на труд и социјалната заштита и дека усвоила национална програма за енергетско реновирање на зградите и план за подобрување на безбедноста на патиштата.

– Ова е прва исплата, следуваат другите. Честитки и продолжете така, истакна претседателката на ЕК.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Фон дер Лајен: Крајната левица и десница го поддржуваат Путин, а не мирот во Украина

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

Фон дер Лајен: Западот каков што го знаевме повеќе не постои