Лајчак: За Србија да добие датум за преговори, неопходни се дополнителни услови

Од:

Специјалниот пратеник на ЕУ и шеф на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека Србија ќе треба да направи „дополнителни чекори“ за да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Освен примената на веќе договореното, за почеток на преговорите ќе биде неопходно Србија да направи дополнителни чекори. Какви конкретно, ќе реши Европскиот совет, изјави Лајчак во интервју за денешното издание на весникот „Вечерње новости“.

Во врска со германското барање Белград и Приштина да потпишат договор за добрососедски односи, тој изјави дека не би требало да се обрнува многу внимание на тоа што говорат одделни претставници во Европа, туку е важно мислењето на Европската комисија и заклучоците на Европскиот совет во декември.

За Брисел е важно да се види дека меѓу властите во Србија постои стремеж да се тргне напред, рече Лајчак.

Запрашан дали Србија ќе треба да го признае Косово, за да стане членка на ЕУ, Лајчак одговори дека тоа барање во овој момент не се поставува на никого. Тој потсети дека пет членки на ЕУ не го признале Косово. Лајчак оцени дека референдумот „Европа или Косово“ не е разумна идеја.

Тој додаде дека и покрај кризата во ЕУ не постои подобра перспектива за земјите од Западен Балкан од членството во ЕУ и во НАТО.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски