Лајчак од утре во тридневна посета на Косово

Од:

Специјалниот претставник на Европската Унија за диалогот меѓу Косово и Србија и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак ќе допатува утре, 27 јуни, во тридневна официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Канцеларијата на ЕУ во Косово преку соопштение за јавноста информира дека Лајчак ќе се сретне со премиерот Албин Курти, како и со лидерите на главните опозициски партии и со претставници на меѓународната заедница во земјата.

Според соопштението, за време на престојот во Косово, претставник на ЕУ планира да ги посети и градот Призрен и северниот дел на државата, населен со мнозинско српско население, додека обраќање пред медиумите е предвидено за в среда, на 29 јуни.

Посетата на Лајчак доаѓа откако минатиот вторник Приштина и Белград го усвоија во Брисел Патоказот за имплементација на енергетските договори од 2013 и 2015 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија