Лајчак: ЕУ доброволно го испразни регионот на Западен Балкан

Од:

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак оцени дека најновата реторика на Еди Рама и Хашим Тачи е резултат на тоа што Европската унија во последните години прво го убеди Западен Балкан во својата незаменлива улога при решавањето проблеми, а потоа регионот беше оставен самиот да се снаоѓа.

Во авторскиот текст за словачкиот дневен весник „Правда“ оцени дека на тој начин ЕУ доброволно, а под притисок на другите кризи, го испразни регионот кој за ЕУ е природно опкружување. Според него, со предупредување и реторички вежби од Тирана, Приштина, Белград или Брисел, не се решава заострувањето на односите на Западен Балкан, туку само се одложува.

Лајчак оценува дека иако Тирана, Приштина и Белград денес се економски и политички подалеку отколку што беа во 2003 година кога на Самитот на ЕУ во Солун на Западен Балкан му беше понудена јасна европска перспектива, и натаму успева да го преживее „длабоко вкоренетиот национализам и подеднакво длабоко чувство на историска неправда во балканските глави и срца“.

„Повиците за етнички чисти држави, обединување на народи под заедничко знаме со двоглав орел – дали бел или црн – периодично се повторуваат, исто како и апелите до ЕУ поодлучно да ја прифати улогата на арбитар. Најновото, со обратна парадигма – „ако не не прифатите во Унијата ќе се обединиме сами“ значи наметнато отворање на прашањата на границите меѓу практично сите држви во регионот, напиша Лајчак.

Според него, од ситуација во која државите од Западен Балкан се правеа дека веруваат во ветувањата за европска перспектива, а ЕУ се правеше дека верува во сериозноста на напорите на тие држави да ги исполнат обврските утврдени со процесот на приклучување, нагло се доаѓа во состојба која не може да се нарече поинаку од уцена.

„Ние, како ЕУ, малку кусовидо дозволивме да не доведат во позиција во која од нас се бара да издаваме клубски легитимации, но не врз основа на меродавно исполнување квалификациски услови, туку врз основа на закани. Слично како кога ученик од седмо одделение, неколеблив и силен, по секоја цена инсистира да влезе во училишниот фудбалски тим, инаку ќе го запали училиштето“, вели Лајчак.

Тој оценува дека решението повеќе не е Балканот во ЕУ, туку ЕУ на Балканот и поактивна работа на пооделни држави.

„Можеби е крајно време во рамките на еврпските институции да формираме посебен орган кој би се занимавал со овие прашања. Ако може ММФ да има мисија која редовно, директно на терен ги оценува исполнувањата на критериумите за давање позајмици, можеби би требале да се замислиме дали имаме сили, бидејќи е во наш интерес, да создадеме мисија на ЕУ која би работела со одделни држави, не периодично или на ад хок основа, туку континуирано, изјави шефот на словачката дипломатија.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија