Лагата за бомбардирањето: Србите не извршиле масакр врз Албанците!

Од:

Фотографиите напревени од еден полицаец кој бил во Косово биле лажен изговор за интервенцијата направена од Германците против Србија во 1999 година, односно германската јавност била изманипулирана, а никаков масакр над Албанците во селото Ругово не се случил.

Хенинг Хенш, полицаец од Лутенбург, кој лично ги направил спорните фотографии тврди дека цела Германија е измамена, а судирите во Ругово, што беа оправдување за бомбардирањето на НАТО, се типичен пример за пропагандата и политичките манипулации.

Тогашниот министер за одбрана на Германија, Рудолф Шарпин ги злоупотребил овие слики од мртви тела за да ги престави како доказ за масакрот на Србите против невините косовски Албанци и да ја објасни „потребата“ за итна интервенцијата на НАТО.

Ова предизвикало шок кај целата јавност, благодарение на медиумската поддршка. Секаде по светот се пренеселе зборовите на министерот и неговото обнаснување „зошто се војува“.

Хенш тврди дека прикажаните фотогравии од 29. Јануари 1999 година направени во Ругово, се всушност направено по вооружениот конфликт на ОВК и српските единици, а не по геноцидот на Албанците.

„Сите 11 тела беа прецизно наредени во црвено комбе, а на автомобилите јасно се гледаа дупките од куршумите. Од се што имаше наоколу, може јасно да се заклучи дека овде се војувало“, објаснува германскиот полицаец, кој тогаш бил набљудувач на ОБСЕ и документирал се.

Иако на лице место имало голем број на фоторепортери и мисионери на ОН, министерот Шарпин, три месеци по настанот, изјавил дека некој нивни преставник тајно ги направил овие фотографии, но не можел лично да ги објави затоа што се наоѓал во болница поради психолошките трауми што ги преживеал присуствувајќи на местото на злосторството.

„Кога министерот го кажа ова заедно со „шокантните фотографии“, велејќи дека Србите се „лошите момци“ кои ги масакрирале сиромашните Албанци, јас бев во Скопје. Се изненадив од презентирањето на доказите затоа што таков масакр во Ругово воопшто немаше“ рече Хенш и додаде „Колку и да изгледа непријатно, сепак таму немаше масакар, туку борба“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието