Лафазанис: Грција ќе ја укине и приватизацијата на гасната компанија ДЕПА

Од:

Новата левичарска Влада на Грција ќе ги повлече плановите за продажба на државната гасна компанија ДЕПА и цврсто се спротивставува на канадскиот златен рудник, што е меѓу најголемите странски инвестициски проекти во земјата, изјави министерот за енергетика Панајотис Лафазанис во интервју за Ројтерс, што го пренесува БТА.

Златниот рудник во северниот дел на Грција, што му беше даден на експлоатација на компанијата „Елдорадо Голд“ од Ванкувер, беше клучниот проект на претходната Влада и беше сметан за тест што ќе покаже дали Грција може да ги заштити странските инвеститори и покрај противењето на локалното население.

– Ние сме целосно против овој проект и ќе ги разгледаме нашите следни чекори во однос на него, изјави Лафазанис, 63-годишен поранешен комунист. Тој одби да прецизира дали Владата ќе се обиде да го блокира продолжувањето на проектот.

Новиот министер беше уште покатегоричен во однос на државната гасна компанија ДЕПА, изјавувајќи дека планираната продажба на 65 проценти од нејзината проценета вредност ќе биде повлечена.

– Под ниту еден услов нема да ја приватизираме гасната компанија ДЕПА и нема да ја продадеме на кого било, без значење која е заинтересираната страна, посочи Лафазанис.

Тој, меѓутоа, зазеде поумерен став во однос на продажбата за 400 милиони евра вредниот национален гасен дистрибутер ДЕСФА на азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР – зделка што беше одобрена уште во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит