Лафазанис го доби третиот мандат да формира грчка влада

Од:

Лидерот на парламентарната група Популарно единство Панајотис Лафазанис денеска од претседателот Прокопис Павлопулос го доби третиот и последен мандат да формира влада на Грција.

Павлопулос го информира дека мандатот трае три дена и завршува во четврток на 27 август.

Лафазанис,пак, изјави дека ќе го употреби мандатот за да покаже дека на земјата и треба анти-меморандумска влада.

По заминувањето од кабинетот на претседателот, Лафазанис остро ја напрадна Владата на Ципрас велејќи дека прибегнување кон избори по итна процедура е показател за екстремен анти-демократски став.

– Му кажав на претседателот на земјата да не учествува во итно гласање. Претседателот не е претставник на Владата. Тој му полага сметки и е одговорен пред грчкиот народ, рече лидерот на Популарно единство.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит