Политичката криза што настана во Грција се должше на фактот што грчкиот премиер Андинис Самарас сакаше да ја доведе земјата до предвремени избори, изјави лидерот на Демократската левица (ДИМАР), Фотис Кувелис за приватната телевизија „Антена 1“.
ДИМАР, која беше најмалата партија во владејачката коалиција, се повлече од неа поради несогласувањето со одлуката на Самарас да ја затвори државната радиотелевизија ЕРТ.
Медиумите оваа изјава на Кувелис ја коментираат како контраофанзива на лидерот на ДИМАР поради упатените прекорувања кон него за одлуката да се повлече од Владата.
Кувелис тврди уште дека лидерот на другиот партнер во Владата – социјалистичката партија ПАСОК, Евангелос Венизелос се согласил да остане во Кабинетот и дека целта на останатите две сили била да се отстрани малечката партија ДИМАР од трипартиската коалиција, бидејќи претставува проблем при остварувањето на нивните планови.