Курти за „мини-Шенгенот“: Потребна ни е соработка, не конфронтација

Од:

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде нов премиер на Косово по октомвриските парламентарни избори, во врска со регионалната иницијатива за таканаречниот балкански „мини-Шенген“, порача дека на регионот му е потребна „соработка, а не конфронтација“.

Одговарајќи на критиките на албанскиот премиер Еди Рама за неучеството на косовските челници на собирот во Тирана, Курти на својот „Твитер“ напиша дека „никој не смее да стои“ меѓу Косово и Албанија.

– Принципите на сеопфатност и реципроцитет мораат да ги водат регионалните иницијативи. Патот од Белград до Тирана води преку Приштина. Ние (Косово и Албанија) сме и секогаш ќе бидеме еден народ и никој не смее да стои меѓу нас. Потребно ни е повеќе соработка, а не конфронтација, напиша Курти.

Во петокот и саботата во Тирана се одржа третиот по ред состанок, по оние во Нови Сад и Охрид, во рамки на иницијативата за формирање на „мини-Шенген“, односно зона за слободен проток на стоки, капитал и луѓе. Покрај премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев, и претседателот на Србија Александар Вучиќ, кои ја покренаа иницијативата, на оваа средба присуствуваше и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Косовските челници ја одбија поканата за учество на собирот, порачувајќи дека нема да бидат дел од регионални иницијативи заедно со Србија, се додека Белград не ја признае независноста на Косово и српските челници не престанат да ги негираат геноцидот и злосторствата што таа држава ги изврши во последните војни во регионот.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина