Курти за инцидентот кај Штрпце: Виновникот ќе се соочи со судските власти

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти го осуди ранувањето на двe српски момчиња во Штрпце, велејќи дека осомничениот ќе се соочи со судските власти.

Курти на двајцата повредени им посака брзо закрепнување, нагласувајќи дека истрагата ќе продолжи до целосно расчистување на случајот.

-Најостро го осудувам нападот врз двајца државјани на Косово во Штрпце. Ние сме длабоко загрижени за нивната повреда. Според информациите, млади момчиња на возраст од 11 и 21 година се надвор од животна опасност и им посакувам брзо закрепнување. Косовската полиција веќе го уапси осомничениот, кој несомнено мора и ќе се соочи со судските власти. Надлежните единици ќе продолжат со истрагите се додека не се разјаснат сите околности на овој неприфатлив и осудувачки чин – напиша Курти.

Би можело да ве интересира

Курти: Србија ги копира руските методи за да му се заканува на Косово и целиот регион

А1он

Курти го обвини Белград за прекинот на струја во Косово: Терористички напад

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина