Курти: Со Србите ќе се помириме кога ќе го признаат Косово

Од:

Лидерот на косовското движење „Самоопределување“, Албин Курти, изјави дека место затворен дипломатски дијалог меѓу политичари од Белград и Приштина потребно е да почне отворен, демократски и граѓански дијалог со Србите во Косово, во кој граѓаните ќе бидат во центарот на вниманието, а помирувањето може да настапи дури откако Србија ќе го признае Косово, пренесе Танјуг.

Во интервју за белградското списание „НИН“ Курти изјави дека помирувањето „не е збор, туку дело“ и ќе биде постигнато кога Србија ќе биде подготвена да го признае своето криминално минато.

– Долгогодишниот конфликт, што почна во 19 век, а продолжува и во текот на 21-от век, не е судир меѓу Албанците и Србите, туку меѓу албанскиот народ и државата Србија. Тој не е резултат на тоа што не се познаваме и сега ни требаат средби и дијалог, како што мислат некои во Брисел, туку е последица од спротивните интереси, рече лидерот на „Самоопределување“.

Курти, кој инсистира „Самоопределување“ да води преговори со Белград, истакна дека продолжението на дијалогот не го гледа како разговор со Белград, туку како разговор со работникот и селанецот во Косово.

Одговарајќи на прашањето зошто сака да води преговори, кои не ги признава, и како гледа на Сојузот на српски општини по овие преговори, Курти изјави дека овој сојуз е плод на напорите на Белград во Косово да формира „нова Република Српска“.

– Сите паметиме дека Милошевиќ ја призна Босна надвор од Србија дури кога на Дејтонската конференција Изетбеговиќ ја призна Србија внатре во Босна. Сега Вучиќ и Дачиќ сакаат да си обезбедат Србија внатре во Косово, посочи Курти, додавајќи дека на овој начин проектот за Голема Србија од минатиот век се обновува со „мноштво мали Србии наоколу“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ