Курти: Поради дезинформациите кои ги шири Белград, одлуката ќе почне да се применува по еден месец

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти одговори на обвинувањата на опозицијата поради доцнењето на спроведувањето на одлуките за регистарски таблички и лични документи, посочувајќи дека спроведувањето на овие одлуки се чекало 11 години, а сега проблемот е доцнење од еден месец.

Како што пренесуваат косовските медиуми, Курти повторил дека Белград развил „дива кампања за дезинформации“ и дека тоа е главната причина поради која го одложил спроведувањето на две владини одлуки.

„Она што требаше да се случи пред 11 години, сега почнуваме да го спроведуваме. Чекавме 11 години, додека сега брзањето е дека не можеме да чекаме ни помалку од еден месец. Поради големата кампања за дезинформации што ја спроведува Белград, се договоривме со меѓународните партнери спроведувањето на одлуката да се одложи за септември. Во околностите во кои се наоѓаме, ја донесовме најдобрата можна одлука. Подобро 1 септември отколку никогаш, рече Курти во Собранието на Косово.

Курти посочи дека одлуката за регистарски таблички и лични карти била координирана со меѓународните партнери.

„Со овие одлуки ќе се трансформира и менувањето на таблите од времето на Слободан Милошевиќ. Дополнително, мора да има идентификација за граѓаните кои влегуваат во Косово, истото е случај и во Србија за граѓаните на Косово. Издадовме повеќе од 2.000 документи. Го прифативме предлогот на меѓународната заедница да се одложи оваа одлука поради дезинформации од Србија“, нагласи косовскиот премиер.

Тој изјави дека Косово е решено да продолжи да ја спроведува одлуката за реципрочни мерки од 1 септември.

„Пред само една година, кога граѓаните на Косово сакаа да влезат во Србија, мораа да платат пет евра, а сега веќе не плаќаат. Можеби се уште има тензии, но ние сме решени да одиме напред и да имаме поддршка од меѓународната заедница. Видовме дека на 31 јули српските паралелни структури се способни да предизвикуваат конфликти“, додаде Курти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во Сараево: Има ранети, полицијата на нозе

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Грција

ВИДЕО: Масовниот убиец од Цетиње бил и помеѓу полицајците додека го барале