Курти: Погрешно е да се политизира борбата против корупцијата и криминалот

Од:

Во врска со институционалната стабилност и владеењето на правото не може да има стабилност на криминалот. Се бориме со корупцијата и организираниот криминал кој што е патем, мултуетнички. Српските и албанските криминалци многу добро соработуваат. Ние ќе се бориме против тоа по секоја цена.

Ова го изјави премиерот на Косово, Албин Курти на Економскиот самит во Скопје, запрашан за вчерашните немири на северот на Косово и за односите со Србија.

– Имаше полициска акција во четири различни општини на Косово – Пеќ, Приштина, Северна Митровица, Јужна Митровица, каде што соработуваа разни криминалци, Албанци и Срби. Судијата на претходната постапка и обвинителот што дадоа налог за акцијата се Срби. Многу од полицајците се Срби. Некои од повредените полицајци беа Албанци, некои Срби. Погрешно е да се нагласува или да се политизира нашата борба против корупцијата. Треба да соработуваме сите од Западниот Балкан против организраниот криминал кој што е многу поинтегриран отколку што сме ние како земји. Затоа ни се потребни функционална демократија и владеење на правото, рече Курти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Курти: Србија ги копира руските методи за да му се заканува на Косово и целиот регион

А1он