Курти: Не сум ветил визна либерализација и членство во НАТО, тоа не зависи од нас

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека за визна либерализација за граѓаните на Косово и за зачленување на државата во НАТО никогаш не дал ветување, затоа што, како што рече, тоа не зависи од институциите кои тој ги води, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната седница на Собранието на Косово, Курти рече дека досега ниту еднаш не спомнал рокови за укинување на Шенген-визите за косовските граѓани.

Тој потсети и дека идниот месец се навршуваат четири години откако Европската комисија по вторпат препорача укинување на визите, но тоа, според него, не се случило поради одбивањето на одредени членки на ЕУ.

– Имате примери од минатото – (ќе се укинат визите) за 15 месеци, годинава, догодина… – од мене никогаш не сте слушнале такво нешто, зашто јас знаев дека тоа не зависи од нас, рече Курти.

Според косовскиот премиер, ниту Брисел не е доследен на сопствените декларирани ставови.

– Има понекогаш изјави од Брисел кои не се ниту на линија со самиот Брисел. Ние трпеливо и посветено се трудиме да ги разјасниме тие, но повеќе од толку немаме што да правиме, изјави Курти.

Во однос на програмата на НАТО „Партнерство за мир“, Курти напомена дека Косово учествуваше на вежбата „Заштитник Европа 21“ („Defender Europe 21“) минатата година со 330 војници и беше меѓу 16-те земји домаќини, а ќе учествува и на „Defender Europe 23“.

– На меѓународен аспект ги исполнуваме сите барања и потреби како земја која продонесува за глобалниот мир. Тоа што јас го правам за одбраната на земјата и за војската на Косово е дека го зголемивме буџетот за 52 проценти, но во врска со тоа кога, каде и како ќе не примат (во НАТО) знаете дека тоа во значителна мерка не зависи од нас, рече Курти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

О’Брајан: Го повикуваме Курти и неговата влада да прекинат со некоординираните акции

Горан Наумовски