Курти: Не добив ултиматум од меѓународната заедница

Од:

Премиерот на Косово, Албин Курти, денеска изјави дека не добил никаков ултиматум од меѓународната заедница за ситуацијата на северот, пренесува Коха.

Курти рече дека на средбата со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и со претставникот на ЕУ за дијалог Косово-Србија, Мирослав Лајчак, разговарал и понудил „безбеден излез од кризата на северот“.

„Не добив никаков ултиматум, се сретнав со пратениците и разговаравме. Понудив безбеден пат за стабилен излез од кризата на северот на Косово предизвикана од нелегални структури. Прво и најосновно е владеењето на правото. Десетици војници на НАТО, косовски полицајци и новинари беа жртви на невидената бруталност на насилните екстремисти“, рече Курти.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски