Курти му порача на НАТО: Отстранете ги барикадите или сами ќе ги отстраниме

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти испрати писмо до КФОР и ЕУЛЕКС, во кое бара јасно да одговорат дали и кога планираат да преземат мерки во врска со барикадите. Тој ги предупреди дека доколку не планираат такво нешто, Приштина има детален план за отстранување на 11 барикади на северот на Косово.

„Му дадовме време на КФОР токму затоа што слободата на движење од позицијата на КФОР се смета за основна вредност“, изјави косовскиот премиер, пишува Косово онлајн.

Непосредно пред денешната средба меѓу Курти и претставниците на КФОР и ЕУЛЕКС, беше објавено дека косовската полиција склучила договор вреден 124.000 евра за изнајмување на „тешка механизација“ од приватна компанија која се занимава со дробење камења.

Но, се уште не е прецизирано за каква цел полицијата би ја користела таа механизација. И министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечла, вчера изјави дека барикадите на северот на Косово мора да се отстранат. Командантот на КФОР, италијанскиот генерал Анџело Микеле Ристуча во неколку наврати потенцираше дека барикадите не смеат да се отстрануваат насилно, туку со дијалог и политички договор.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски