Курти: Истекува времето што му го дадовме на Кфор да ги отстрани барикадите

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти на денешната седница на Владата изјави дека времето дадено на КФОР за отстранување на барикадите на северот на Косово полека истекува, јавува Репортер.

Курти рече дека „криминалците на север се обидуваат да го дестабилизираат регионот и да го нарушат територијалниот интегритет на Косово“.

„Поставувањето барикади на патиштата нема да биде прифатено. Кфор побара време да реагира, но тоа време истекува. Имаме соработка и координација со Кфор. Едно е јасно, мора да се воспостави слобода на движење“, рече Курти.

Курти нагласи и дека косовската полиција спровела 850 операции против организираниот криминал и шверцот, при што се уапсени над 3.000 лица, уништени се 69 криминални групи и запленети се над девет тони наркотични супстанции“, рече Курти на денешната 116 седница на Владата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски