Курти им напиша на Трамп и Помпео за плановите во однос на таксата кон Србија

Од:

Косовскиот премиер, Албин Курти им упати писма на претседателот на САД,  Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео, во кои ги информира за чекорите што планира да ги преземе неговата Влада во правец на укинувањето на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во одделни писма до Трамп и Помпео, Курти ги објаснува чекорите кои ги најави минатиот четврток, а кои треба да водат кон целосно укинување на таксата, прекин на непријателските дејствија од страна на Србија кон Косово и обновување на дијалогот Приштина – Белград до постигнувањето конечен договор.

„Почнувајќи од 15 март, ние ќе започнеме со укинување на таксата на стоките од Србија и БиХ која беше воведена од претходната Влада. Првин ќе се повлечат таксите за сировините. Ова го правиме како израз на добар дипломатки гест и како знак на нашата определба да работиме заедно со САД за дијалогот со Србија. Ние се надеваме дека на нашите дејствија ќе биде реципрочно возвратено од Белград, од кого очекуваме да ги отстрани сите бестарифни бариери во трговијата со Косово, како и да ја прекине кампањата за повлекувања на признавањата на Косово“, се вели во обете писма на косовскиот премиер.

Тој очекува од САД, како и од Европската унија, создавање мониторирачки и санкционирачки механизми, за да се обезбеди дека обете страни ќе се придржуваат на дадените заложби при досегашните договори, како и за оние кои ќе се склучат во иднина.

Во врска со обновувањето на дијалогот со Белград, Курти вели дека во иднина него ќе го води лично тој.

„Владата и јас како премиер го имаме уставниот мандат, политичката волја и законската обврска, како и целосната и ексклузивна одговорност да го преземеме врз себе водењето на овој процес и претставувањето на Косово на највисоко дипломатско ниво“, пишува Курти, реферирајќи се на непостоењето, во изминатите две години, на координација меѓу претставниците на Косово „за улогата, интересите и целите во дијалогот со Србија“, како и на фактот дека е „нејасно кој зборува во име на Косово на меѓународната сцена и на преговарачката маса“.

Порачувајќи дека работата со преговорите со Србија „ќе биде завршена“, Курти го нагласува големото значење кое односите Косово – САД го имаат, како за него, така и за владата и граѓаните на Косово“.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина