Курти го разреши советникот, кој изјави дека ОВК вршел злосторства

Од:

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти го разреши денеска својот советник Шкељзен Гаши, чија вчерашна изјава дека Ослободителната војска на Косово (ОВК) вршела злосторства врз цивили предизвика бројни реакции во косовската јавност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на својот профил на Фејсбук напиша дека „некои вчерашни изјави (на Гаши) имаат деконцентрирачки последици врз добрата работа на владата во оставка“.

– Сметам дека е подобро дебата во која се инволвира да не ја води од позицијата на мој советник, напиша Курти.

Гаши синоќа за телевизијата Т7 изјави дека одредени припадници на ОВК се одговорни за смртта на илјада српски и други цивили во војната во Косово во 1998-99 година.

Изјавата на Гаши наиде на остри осуди, меѓу другите, од бројни поранешни припадници на ОВК и претставници на опозициските партии, но и од повеќе членови на партијата Движење Самоопределување на Курти.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски