Курти го обвини Вучиќ за бомбите на северот на Косово: Србија ги плаќа криминалците

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти одлучи да го зголеми присуството на полицијата на северот на Косово. Вчера најмалку два инцидента се случија во Зубин Поток и Северна Митровица кога општинските изборни комисии (ОИК) се обидоа да влезат во просториите на народниот правобранител на север, придружувани од косовската полиција.

Инцидентот кај Зубин Поток заврши мирно со интервенција на полицијата, додека, според официјални извори, во просториите на ОИК биле фрлени две експлозивни направи, од кои едната експлодирала. Втората беше отстранета синоќа.

„Криминалните банди ги интензивираа нападите на северот на Косово. Тие знаат дека крајот е близу. Владата на Косово ниту се пазари со нив, ниту ги толерира. Поради овие злосторства и вооружени напади северно од Ибар, ќе имаме повеќе косовска полиција. Затоа што ќе има истраги и гонење на овие криминалци платени од Србија, а во режија на нивниот претседател. Нема да се простат прекршувањата на законите, а тенденциите за криминална дестабилизација ќе пропаднат“, изјави Курти.

Приштина и Белград меѓусебно се обвинуваат за вчерашните инциденти. Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека специјалците на Курти упаднале во просториите на ОИК и „уништиле сè и искршиле во обид да ги инсталираат своите изборни комисии“. Полицијата и косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечла го негираат тоа.

„Изјавите се невистинити и тенденциозни. Нападот на канцеларијата на ОИК во северниот дел на Митровица го извршиле маскирани групи кои користеле опасно оружје, вклучително и рачни гранати од југословенско производство. Министерот Свеча претходно изјави дека косовската полиција веќе започнала истрага за идентификување на „сите криминалци вклучени во вчерашните напади“.

„Во четирите општини на север, поделбата не е меѓу Срби и Албанци, туку меѓу криминални банди и граѓани. Ги молам сите граѓани на Косово да ја поддржат државата и косовската полиција, сите наши функционери кои ја бранат уставноста и законитост, републиката и демократијата“, изјави Курти.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски