Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека во текот на претседавањето со ЕУ, Австрија сака да придонесе во решавање на споровите на Западен Балкан.
– Во тој регион уште постојат неколку конфликтни теми помеѓу различни држави, што е разбирливи, бидејќи пред две три децении таму имаше воени конфликти, објасни тој во изјава за австриски медиум по повод учеството на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес во лондон.
Курц нагласи дека е важно отворените прашања конечно да се решат.
– Во решавањето ќе се обидеме да дадеме свој придонес, наведе тој.